Fuat Kabakcı
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
ПЕКИНГ (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтер, го погоди западниот дел на Кина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот Центар за мрежа на земјотреси соопшти дека земјотрес со јачина од 5,2 степени го погоди подрачјето на Нгари кое се наоѓа во кинескиот автономен регион Тибет.
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Не се објавени информации околу тоа дали постојат жртви или повредени.