Mustafa Deveci
25 Февруари 2020•Ажурирај: 26 Февруари 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници, во подрачјето на Јорданската Долина која се наоѓа на окупираниот Западен Брег, интервенираа врз демонстрантите и повредија шест Палестинци кои сакале да одржат протест против таканаречениот Мировен план за Блискиот Исток објавен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Агенција Анадолија (АА).
Палестинците сакаа да одржат демонстрации во Јорданската Долина против таканаречениот Мировен план на Трамп.
Палестинците кои дојдоа од различни места на Западниот Брег во Јорданската Долина, маршираа кон подрачјето на Бердела.
Израелските војници го блокираа патот и на демонстрантите кои носеа палестински знамиња, не им дозволија да преминат.
По зголемувањето на тензиите, израелските војници употребија гумени куршуми и солзавец.
Според соопштението на палестинската Црвена полумесечина, израелските војници повредиле шест Палестинци, од кои еден е ранет со вистински куршум, додека останатите пет се повредени со гумени куршуми.
Се додава дека голем број лица се пренесени во болниците во регионот поради труење предизвикано од солзавецот.