Qais Omar Darwesh Omar
12 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
РАМАЛА (АА) - Палестинецот Омар Абдел Маџид Асад, кој беше во своја поодмината возраст, почина откако израелските војници го нападнаа на северниот дел на Рамала, јавува Агенција Анадолија (АА).
Фуад Фатум, претседател на Општинскиот совет на селото Јаљулија, за АА изјави дека 80-годишниот Асад, жител на таа локална заедница, починал откако бил приведен и нападнат од Израелската армија.
Тој додаде дека израелските сили упаднале во селото, претепале и привеле еден постар човек, ставајќи му лисици на рацете.
Израелската војска се повлече, оставајќи го старецот да лежи на земја во куќата во изградба, каде што починал.