Talha Yavuz
12 Јануари 2022•Ажурирај: 14 Јануари 2022
КИЕВ (АА) - Во регионот на Донбас, источна Украина, еден украински војник загина како резултат на оган отворен од страна на проруските сепаратисти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Украинските вооружени сили се наведува дека сепаратистите вчера го прекршиле примирјето во областа Новотошкивске.
Исто така, се истакнува дека како последица на нападите загинал еден украински војник.
- Кризата во Донбас -
Во Киев, главниот град на Украина, на 21 ноември 2013 година започнаа демонстрации откако тогашниот претседател Виктор Јанукович не го потпиша Договорот за асоцијација со Европската Унија (ЕУ).
Јанукович ја напушти земјата во февруари 2014 година, откако демонстрациите се интензивираа. Потоа проруските сепаратисти ја прогласија својата таканаречена независност во градовите Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата.
Во судирите меѓу сепаратистите и Владата во Киев од 2014 година досега животот го загубија над 13.000 лица.