Hani eş-Şair,Zeynep Tüfekçi
17 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Воен авион на израелските сили во источниот дел на Газа погоди цивилно возило, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Израелската војска, Авичај Адре, соопшти дека цел било возилото кое наводно претставувало безбедносна закана.
Очевидците од Газа изјавија дека израелските сили извршиле ракетен напад врз цивилно возило паркирано пред еднакуќа. Во нападот немало загинати.
Израел, Појасот Газа го држи под блокада од изборите во Палестина во 2006 година на кои победи Хамас. И покрај меѓународните реакции, Газа е под постојана блокада.