Usame el-Gassani,Safiye Karabacak
17 Јуни 2018•Ажурирај: 17 Јуни 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во денешниот судир меѓу израелската полиција и еврејските доселеници во градот Салфит на окупираниот Западен Брег, ранети се најмалку 16 лица, меѓу кои 11 полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
До судирот дошло откако доселениците ја одбиле наредбата за напуштање на илегалната еврејска населба изградена на окупираната палестинска земја.
Израелскиот весник „Једиот ахронот“ (Yedioth Ahronoth) јавува дека демонстрантите врз полицијата фрлале детергенти, јајца и други предмети.
За време на нередот полицијата уапси 6 демонстранти.
Постапувајќи по претходната одлука на судот, израелската полиција денес нареди преместување на жителите од населбата Једиот Ахронот која илегално е изградена на палестинската земја.