Qais Omar Darwesh Omar,Hacer Başer
11 Јануари 2023•Ажурирај: 12 Јануари 2023
ХЕБРОН (АА) - Израелските сили срушија две куќи на Палестинците во окупираниот Западен Брег со образложение дека се „без дозвола“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА од очевидците, израелските војници во придружба на булдожери извршиле рација во село Бака во источниот дел на Хеброн.
Израелските сили во ова подрачје срушија две куќи на Палестинците со образложение дека се без дозвола. Војниците со звучни бомби и солзавец интервенирале врз жителите на подрачјето кои реагирале против оваа рација.
Куќите срушени од страна на израелските сили се наоѓале во Зоната Ц на Западниот Брег.
Во рамки на Вториот договор од Осло, потпишан во 1995 година меѓу Палестина и Администрацијата на Израел, Западниот Брег беше поделен во три зони, А, Б и Ц.
Според тоа, Палестина управува со Зоната А (18 отсто од Западниот Брег) од административен и безбедносен аспект; исто така, управува со Зоната Б (21 отсто од Западниот Брег) само од административен аспект, додека Израел управува со безбедноста.
Израел ја има целата управа во Зоната Ц (61 отсто од Западниот Брег), како од административен, така и од безбедносен аспект.