Elena Teslova
11 Јануари 2023•Ажурирај: 12 Јануари 2023
МОСКВА (АА) - Службата за безбедност на Украина (SBU) денеска соопшти дека спроведува претрес во подрачјето на владините објекти во главниот град Киев заедно со органите за спроведување на редот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Службата за безбедност на Украина спроведува контраразузнавачки [безбедносни] активности на територијата на дистриктот Печерски во главниот град, поточно во владиниот кварт, и во соседните подрачја“, соопштено е преку Телеграм.
Се истакнува дека во претресите се вклучени Одделот за државна безбедност на Украина, Националната полиција и воената полиција на Вооружените сили.
„Целта е проверка и зајакнување на контрасаботажната заштита на важни државни објекти, зголемување на безбедноста на лицата кои подлежат на државна заштита“, се наведува во соопштението.
Службата за безбедност на Украина врши надзор на територијата и поединечните простории за да ги идентификува забранетите предмети и проверка на граѓаните кои се на територијата на владиниот кварт.
„При контролите можни се ограничувања на минувањето низ улиците на главниот град, проверка на документите на граѓаните, преглед на автомобили“, информираат од Службата за безбедност на Украина.