Eşref Musa,Ömer Koparan
02 Ноември 2020•Ажурирај: 05 Ноември 2020
РАС АЛ АЈН
Четири цивили, од кои еден потешко, се повредени во бомбашкиот напад на пазарот со зеленчук во областа Рас ал Ајн, во северна Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Бомбата експлодирала на пазарот за зеленчук во центарот на Рас ал Ајн, лоциран на сириска територија наспроти областа Џејланпинар во Шанлиурфа, Турција. Во нападот се повредени 4 цивили, од кои еден е во тешка состојба.
Повредените цивили се префрлени во болницата во Рас ал Ајн.
Локалните безбедносни сили, кои започнаа истрага за нападот, ја потенцираат можноста нападот да бил извршен од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Центарот на Рас ал Ајн беше ослободен од тероризмот со операцијата „Извор на мирот“ на 12 октомври 2019 година.
ЈПГ/ПКК често организира терористички напади врз цивилните населби во Рас ал Ајн и Тел Абјад од регионите Ајн Иса и Тел Темир, кои сѐ уште се под нивна окупација.