Faruk Hanedar
13 Јуни 2025•Ажурирај: 17 Јуни 2025
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелското Министерство за одбрана тврди дека повеќето од врвните команданти на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда биле цел на нападите за време на состанок во штабот, известува Анадолу.
Израелското Министерство за одбрана во соопштението додава дека министерот за одбрана Израел Кац бил информиран за нападите.
Министерот Кац наводно ја проценил ситуацијата со началникот на Генералштабот, Ејал Замир, директорот на Мосад, Давид Барбеа и други високи израелски безбедносни претставници.
Во соопштението се наведува дека претставниците на безбедноста биле информирани дека повеќето од високите команданти на воздухопловните сили на Иранската револуционерна гарда биле цел на напад во подземен штаб.