Mustafa Deveci
14 Јуни 2021•Ажурирај: 15 Јуни 2021
ТЕЛ АВИВ
Израелците го прославија завршувањето на мандатот на Бенјамин Нетанјаху, кој беше премиер на земјата непрекинато повеќе од 12 години, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници Израелци се собраа на плоштадот „Рабин“ во Тел Авив откако коалицијата предводена од партиите „Има иднина“ и „Јамина“ доби доверба во Парламентот.
Толпата, носејќи израелски знамиња, честопати скандираше „Оваа земја е наша, Нетанјаху си замина“ и „Нетанјаху во затвор“.
Во областа каде што се одржуваше прославата беше поставен транспарент со натпис „Министер за криминал“, со фотографија од Нетанјаху.
По прославата на плоштадот „Рабин“, Израелците маршираа кон плоштадот „Хабима“ во Тел Авив.
Откако стигнаа на плоштадот, Израелците продолжија со прославата до доцна во ноќта.
Коалициската Влада формирана под раководство на Јаир Лапид, лидерот на „Има иднина“, и Нафтали Бенет, лидерот на „Јамина“, синоќа ја доби довербата на парламентарното гласање.
Откако беше изгласана Владата на коалицијата Лапид - Бенет, Нетанјаху го загуби премиерското место што го држеше 12 години без прекин.