Илон Маск планира донација од 100 милиони долари за политичките активности на Трамп
- Ова следи по купувањето на возилото „Тесла“ од страна на Трамп, што ги зголеми акциите на компанијата на Маск, која претходно забележи падот на продажбата и вредноста на акциите поради критиките за врските на Маск со администрацијата на Трамп.

ИСТАНБУЛ (АА) - Милијардерот Илон Маск ја откри својата намера да им донира 100 милиони долари на групи поврзани со политичките активности на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Анадолу.
Оваа објава следи по купувањето на возилото „Тесла“ од страна на Трамп, што ги зголеми акциите на компанијата на Маск, која претходно забележи падот на продажбата и вредноста на акциите поради критиките упатени за врските на Маск со администрацијата на Трамп.
Планот на Маск е да ѝ донира на група поврзана со Трамп наместо на America PAC (политички акционен комитет) создаден од Илон Маск со поддршка на голем број истакнати технолошки бизнисмени за поддршка на претседателската кампања на Доналд Трамп во 2024 година).
Американскиот милијардер, исто така, донираше најмалку 288 милиони долари за да помогне во изборот на Трамп и на другите републикански кандидати на минатогодишните избори, што го прави најголем политички донатор.
„Тесла“ се соочи со бран напади врз дистрибутерите и објектите, поттикнати од незадоволството од политичките активности на Маск, вклучително и неговото раководство на Одделот за владина ефикасност (DOGE) што се обидува да ја намали федералната работна сила и програмите.
Значителната финансиска загуба го поттикна цврстиот став на Трамп јавно да ја покаже поддршката за компанијата на Маск.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.