Aida Cako
30 Јуни 2025•Ажурирај: 01 Јули 2025
СКОПЈЕ (АА) - Во северниот холандски град Алмере се одржа комеморативен настан во чест на палестинските деца убиени во израелските напади врз Појасот Газа, јавува Анадолу.
Настанот, организиран од фондацијата „Plant een Olijfboom“ (Засади маслиново дрво), се одржа на плоштадот Стадтуис, каде што беа ставени илјадници детски чевли како симболична почит кон убиените деца.
Волонтери ги читаа имињата и возраста на секое дете за кое е пријавено дека е убиено, а на минувачите им се делеа информативни брошури за ситуацијата во Газа.
И покрај меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија уби повеќе од 56.000 Палестинци во смртоносната офанзива во Појасот Газа од октомври 2023 година.
Минатиот ноември Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел, исто така, се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради својата војна против енклавата.