Bedrudin Brljavac
07 Април 2024•Ажурирај: 08 Април 2024
МЕЛБУРН (АА) - Во Мелбурн се одржаа протести против израелските напади на Појасот Газа, известува Анадолу.
И овој викенд во Мелбурн, Австралија се одржаа демонстрации што се организираат секоја недела од почетокот на израелските напади во Газа.
На протестот присуствуваа илјадници луѓе кои носеа знамиња на Палестина и извикуваа слогани „Слободна Палестина“ и „Запрете го масакрот“.
Во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени 33.137 Палестинци, од кои најмалку 14.500 се деца, 9.560 се жени, а 75.815 се ранети.