Hasan Esen,İlyas Tayfun Salcı
06 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
ЛОНДОН
Илјадници граѓани учествуваа на антирасистички протести на улиците на Лондон, главниот град на Велика Британија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Протестите кои почнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, продолжуваат ширум Соединетите Американски Држави (САД), но и во другите делови на светот.
По протестот кој е одржан во средата, демонстрантите и денес се собраа пред Вестминстерската палата во Лондон.
Во текот на собирите можеа да се слушнат паролите „Животот на црнците е важен" и „Нема правда нема мир", а носеа и транспаренти со пораките „Расизмот е епидемија", „Молчењето е насилство", и „Велика Британија не е невина".
Демонстрантите бараа од Владата да ги преземе потребните чекори за запирање на расизмот. Во текот на демонстрациите, полициските тимови предупредија собраните да се придржуваат на правилата за физичка дистанца.
Група волонтери во текот на собирите делеше средства за дезинфекција на раце и маски. Во текот на демонстрациите, на кои беа и голем број млади, не се забележани било какви инциденти.
Во Лондон утре се очекува протест пред зградата на амбасадата на САД.
Флојд беше уапсен на 25 мај во Минеаполис, САД, откако наводно се обидел да користи фалсификувана банкнота од 20 долари во локална продавница. Видеата од бруталното апсење беа објавени на социјалните мрежи.
Полицијата го привела со лисици и го турнала на земја, а еден од нив, полицаецот Дерек Шаувин, го притиснал коленото на вратот на Флојд. Тврдеа дека тој се спротивставувал на апсењето. Против Чаувин е поднесено обвинение за убиство од втор степен, додека други тројца полицајци се обвинети за помагање при извршување на делото.
И покрај тоа што Флојд во неколку наврати велел дека не може да дише, полицаецот не го тргнал коленото од вратот. Набргу потоа, Флојд изгубил свест, а полицаецот и понатаму ја задржал истата позиција кон жртвата. Флојд починал набргу откако бил хоспитализиран.
Смртта на Флојд предизвика бран протести против полициската бруталност и расната дискриминација, кои во многу американски градо прераснаа во насилни.