Aysu Biçer
18 Мај 2022•Ажурирај: 18 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Најголемиот руски заемодавач „Сбербанк“, кој е силно погоден од западните санкции, планира да го напушти Лондон откако неговиот депозитар го раскина договорот со него, соопшти банката денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава „Сбербанк“ соопшти дека ги известил Управата за финансиско регулирање на Велика Британија и Лондонската берза за намерата да ја откаже котизацијата на депозитарните потврди.
Имателите на депозитарските потврди на „Сбербанк“ можат да ги заменат за акции на „Сбербанк“ до 16 јуни.
Западните земји ставија многу руски банки на списокот со санкции, вклучително и „Сбербанк“, поради војната против Украина, која започна во февруари.