Umur Koçak Semiz
18 Октомври 2016•Ажурирај: 18 Октомври 2016
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во пожар во приватна болница, во сојузната индиска држава Ориса, загинаа 23, а беа повредени 106 луѓе, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за здравство на Индија, Jaгат Пракаш Надда, за локалните медиуми соопшти дека пожарот избувнал поради проблеми во електричната инсталација во одделот за дијализа.
Надда додаде дека пожарот се проширил во одделот за интензивна нега. Официјалните лица од болницата истакнаа дека состојбата на некои од повредените луѓе е многу тешка.
По неколкучасовната интервенција од страна на противпожарните екипи, пожарот е ставен под контрола, а повеќе од 500 пациенти кои се наоѓале во болницата, биле испратени во другите медицински центри.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, преку социјалните мрежи на семејствата на жртвите им изрази сочувство, додавајќи дека за случајот е започната истрага.
Поради занемарување на правилата за безбедност, во Индија и претходно избувнувал пожар во болница. Во пожарот што избувна во 2011 година во болницата АМРИ, во Калкута, загинаа 89 лица.