Muhammet Nazım Taşcı
20 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
БИХАР
Најмалку 16 лица загинаа од последиците од удар на гром за време на бурните врнежи во покраината Бихар, Индија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните официјални претставници соопштија дека од последиците од удар на гром на десет различни локации во покраината на источниот дел на земјата, загинале 16 лица.
Државниот хидрометеоролошки завод прогласи вонредна ситуација во целата покраина и ги предупреди граѓаните да внимаваат.
Во покраините Бихар и Утар Прадеш од последиците од удат на гром од март оваа година досега загинаа над 400 лица.
Силните монсунски дождови на подрачјето на јужна Азија во период јуни-септември секоја година предизвикаат големи природни катастрофи и несреќи.
Само во Индија секоја година од послеци од удар на гром умираат околу 2.000 лица.