Ekipa
15 Јануари 2017•Ажурирај: 16 Јануари 2017
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Бројот на жртвите во вчерашното превртување на брод во источниот дел на Индија се искачи на 24, а акцијата за спасување на преживеаните е во тек, соопшти полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните власти синоќа започнаа акција за спасување на преживеаните во превртувањето на бродот за 40 патници во реката Ганг во близина на Патна, главниот град на државата Бихар.
Локалните власти наведуваат дека на бродот се наоѓале граѓани кои се враќале од религиозен фестивал, и дека на бродот имало многу повеќе од дозволениот број на патници.
Капацитетот на бродот бил 25 патници, а во тек е истрагата за синоќешниот настан. Исто така е најавено дека владата на државата Бихар на семејствата на жртвите ќе им исплати оштета од 5.800 долари.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење поради смртта на патниците и одобри на семејствата на загинатите да им се исплати оштета од околу 2.900 долари, а на повредените 730 долари.
Несреќите како овие се вообичаени во Индија и обично причина е пренатрупаноста, непочитувањето на безбедносните правила за пловидба и недостигот на безбедносна опрема.