Barış Kahraman
08 Јуни 2021•Ажурирај: 11 Јуни 2021
АНКАРА
Во индискиот град Пену избувна пожар во хемиска фабрика, во кој животот го загубија 18 работници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави „Би-би-си“ (BBC), од засега непознати причини избувнал пожар во хемиска фабрика во индустриската зона Пирангут.
Противпожарните екипи, што дошле на местото на настанот, ги урнале ѕидовите на фабриката за да ги спасат 37-те работници заробени во неа.
Претставниците на власта информираа дека во пожарот животот го загубиле 18 работници.
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, изразувајќи сочувство за загинатите работници, објави дека на семејствата на загинатите ќе им биде исплатено обесштетување од 2.800 долари.