Aida Cako
12 Август 2025•Ажурирај: 13 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Еден од најактивните вулкани во Индонезија, Марапи, денес повторно еруптираше, исфрлајќи вулкански пепел во висина од околу 1,6 километри над областа Танах Датар во Западна Суматра, јавува Анадолу.
Според податоците на локалните власти, ова е над 460 ерупција на вулканот со големата активност забележани од 3 декември 2023 година.
Поради опасност од нови ерупции и лавини од пепел забрането е движење и изведување активности во радиус од три километри околу кратерот.
Вулканот Марапи е еден од најпознатите активни вулкани во Индонезија, а неговата зголемена активност предизвикува постојана готовност на надлежните служби и внимателност кај локалното население.