Mahmut Atanur
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
ЏАКАРТА (АА) – Во Индонезија, земја којашто има 256 милиони жители, околу 40 милиони се изложени на ризик од лизгање на земјиштето, јавува Anadolu Agency (AA).
Националната агенција за управување со природни катастрофи во Индонезија потврди дека околу 40 милиони лица во земјата живеат во региони каде што постои опасност од лизгање на земјиштето, и ги предупреди жителите во овие подрачја да бидат претпазливи од евентуалните свлечишта на земјиштето.
Од агенцијата информираат дека и покрај тоа што локалната власт бара побезбеден регион за овие жители, тие одбиваат да се преселат, поради сиромаштијата и поради фактот што поголемиот дел нив се занимаваат со земјоделие. Исто така, агенцијата истакнува дека е потребно да се развијат системи за предупредување од опасноста од свлечишта и да се зголеми нивниот број на ниво на целата држава.
Во продолжение, агенцијата истакнува дека во првото тримесечје од 2017 година, во државата се создале 251 свлечиште, и оти ваквата катастрофа е најзастапена во овој период од годината.
Индонезија, во која во текот на целата година има обилни врнежи од дожд, се одликува со тропска клима и е под влијание на монсунските дождови.