Jeyhun Aliyev
20 Март 2019•Ажурирај: 21 Март 2019
ЏАКАРТА (АА) - Бројот на загинати во поплавите во источниот дел на Индонезија се зголеми на 104, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните претставници на регионот објавија дека најмалку 206 лица се исчезнати, во согласност со пријавите на семејствата по поплавите и лизгањето на земјиштето, предизвикани од обилните врнежи од дожд, што во саботата го погодиja Џајапура, главниот град на покраината Папуа.
Операциите за пребарување и спасување во погоденото подрачје се во тек.
Според воените власти, околу 8.773 лица погодени од катастрофата се префрлени на 18 различни безбедни локации.
Вчера, Турција упати сочувство до пријателскиот и братски народ на Индонезија и посака брзо закрепнување на повредените.
Во јануари минатата година, во поплавите и свлечиштата на островот Сулавеси животот го загубија 68 лица.
Свлечиштата и поплавите се чести во Индонезија, особено за време на сезоната на монсуни, помеѓу октомври и април.