Mahmut Atanur
14 Февруари 2018•Ажурирај: 14 Февруари 2018
ЏАКАРТА (АА) - Кинезите коишто живеат во Индонезија се подготвуваат за почетокот на годината на кучето, која според кинескиот лунарен календар започнува на 16 февруари, јавува Anadolu Agency (AA).
Многу Кинези се одлучија да го посетат храмот „Вихара Дарма Бакти“ кој се наоѓа во Џакарта, молејќи се за среќа, просперитет и успех во Новата година.
Во храмот доминираат црвени украси за кои се верува дека носат благосостојба. Посетителите палат свеќи и мирисливи стапчиња со желба Новата година да биде што подобра.
Меѓу посетителите беше и Сузан, која рече дека пред секоја Нова година го посетува храмот, и се моли годината на кучето да донесе здравје и мир на нејзиното семејство.
Ноно, кој се грижи за храмот, рече дека бројот на посетителите за време на празниците е поголем, и дека во текот на целиот ден работат на отстранување на нечистотиите предизвикани од палењето свеќи и темјан.
На 16 февруари Кинезите ќе влезат во годината на кучето, а позади себе ќе ја остават годината на пилето.