Ekipa
20 Април 2017•Ажурирај: 21 Април 2017
КАТАНИЈА (АА) - Југоисточниот кратер на најактивниот европски вулкан Етна и понатаму исфрла вжарена лава и пепел, јавува Anadolu Agency (AA).
Потоци од вжарена вулканска лава и понатаму се слеваат и до 700 метри по југоисточниот кратер на планината и привлекуваат внимание.
За подрачјето околу вулканот, и понатаму е на сила портокаловиот аларм, кој во март беше прогласен од страна на надлежниот италијански Национален институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ).
Вулканот Етна се активираше минатиот месец, а во ерупциите се повредени најмалку десет лица, меѓу кои и репортерската екипа на BBC (Би-би-си).
Главниот кратер на најголемиот вулкан во Европа, Етна, достигнува надморска височина од 3.330 метри, а југоисточниот кратер се издигнува до 2.700 метри над нивото на морето. Последната голема ерупција на вулканот Етна беше забележана во 1992 година.