Ekip
10 Јануари 2021•Ажурирај: 11 Јануари 2021
ЏАКАРТА
Спасувачките екипи пронајдоа делови од авионот и од посмртните останки на настраданите лица во вчерашната авионска несреќа во Индонезија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Патничкиот авион на индонезиската компанија „Сривиџаја ер“ (Sriwijaya Air) се сруши вчера во морето во текот на летот на линијата од Џакарта кон Понтианаку.
Авионот се урна во морето помеѓу островите Лаки и Ланчанг, северо од Џакарта, каде што спасувачките екипи ги пронајдоа остатоците од авионот, посмртните останки и багажот на жртвите.
Во авионот во моментот на несреќата се наоѓале 62 лица, од кои 12 членови на посадата и 50 патници, меѓу кои десет деца.
Спасувачите претходно го пронајдоа сигналот на исчезнатиот авион, а челникот на индонезиската Војска, Хади Тјахџанто, соопшти дека нуркачите со помош на тој сигнал дошле до остатоците на авионот и посмртните останки на настраданите лица.
Тој рече дека се надева оти во текот на денот спасувачките тимови ќе дојдат до главниот дел на трупот на леталото „Боинг 737-500“ и до посмртните останки на преостанатите жртви.