Gamze Türkoğlu Oğuz
29 Април 2019•Ажурирај: 30 Април 2019
ЏАКАРТА
Индонезискиот претседател Џоко Видодо одлучил да го пресели главниот град Џакарта, кој се наоѓа на островот Јава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот за планирање, Бамбанг Броџонегоро, истакна дека Видодо, на седницата на Владата, нагласил дека поради пренатрупаноста, загадувањето и поплавите, Џакарта веќе нема да биде главен град.
Видодо, на седницата на Владата, истакнал дека 57 отсто од населението на Индонезија живее на островот Јава. Нагласувајќи дека на островот се сконцентрирани сите економски активности, тој навел дека капацитетот на Јава е ограничен.
Министерот за планирање, исто така, наведе дека на следниот состанок на Владата промената на главниот град ќе се разгледа од технички аспект.
Се предвидува новиот главен град да биде со популација од 900.00 до 1,5 милиони жители, а можно е преселувањето да трае до 10 години.