Özgün Tiran
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
КИРКЛАРЕЛИ (АА) - ОЗЃУН ТИРАН - Претседателот на Институтот за турски јазик (ТДК), проф. д-р Мустафа Качалин, истакна дека речниците на македонски и бугарски јазик се во фаза на печатење, а дека се работи и на речници на албански и арапски јазик, кои, како што рече тој, ќе бидат готови за 3-4 години, пишува Anadolu Agency (AA).
Качалин во разговор со АА истакна дека подготвување на речник е исклучително долг процес, и дека затоа експертите имаат една сложена задача на која треба многу да внимаваат.
Качалин вели дека во секој сегмент на животот има потреба за речници.
„Речниците на бугарски и македонски јазик се во фаза на печатење, а ги започнавме подготовките и за речниците на арапски и албански јазик. Овие два речника ќе бидат готови за 3 или 4 години. Не е доволен човечкиот живот за да се подготви еден речник“, нагласи Качалин, и додаде дека поголемиот дел од работата за подготовка на речникот на албански јазик е завршен.
„Со распадот на Југославија и на Советскиот Сојуз по 1990-тата година, се сменија структурата и границите на светот. Имаме наши луѓе на Балканот со кои претходно имавме контакти. Ако сакате да контактирате со нив, треба да имате речник, но ние немаме“, истакна Качалин.