Dilara Hamit
22 Април 2020•Ажурирај: 23 Април 2020
РАС АЛ АЈН
Денес избија судири меѓу Сириската национална армија (SNA) и терористите на ЈПГ/ПКК откако терористите се обидоа да се инфилтрираат во област во северна Сирија ослободена од терористите од страна на Турција и СНА.
Во областите што граничат со Шанлиурфа во југоисточна Турција, терористите на ЈПГ/ПКК се обидоа да се инфилтрираат во првите редови на војниците на СНА - локалните сојузници на Турција - во близина на градот Тел Тамер околу Рас ал Ајн.
Преку судирите, војниците на СНА ги спречија терористите.
ЈПГ/ПКК продолжува со своите напори за инфилтрирање во областите на северна Сирија источно од Еуфрат, често имајќи ги како цел Рас ал Ајн и Тел Абјад.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.