Ekipa
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
БАГДАД (АА) - Ирачките власти денес соопштија дека во воздушен напад на позициите на терористичката организација ДЕАШ во западен Ирак, убиен e второрангиран терорист во командниот ланец на таа организација, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти Командата на воздушните сили на Ирак во изјава емитувана на една ирачка телевизија, во нападот на авијацијата врз позициите на ДЕАШ во Ал Каим, во западниот дел на земјата, убиен е таканаречениот министер за војна на ДЕАШ, Абу Јахја, заедно со уште неколку водачи на таа терористичка организација.
Терористите на ДЕАШ не се огласија во врска со овој случај.
Инаку, операцијата на ирачките сили со цел ослободување на западниот дел на Мосул, во северниот дел на земјата и понатаму траат. Терористичката организација ДЕАШ го зазеде Мосул кон средината на 2014 година.