Hacer Başer
01 Април 2017•Ажурирај: 02 Април 2017
ГАЗА (АА) - На социјалните мрежи Твитер и Фејсбук започнаа кампањи чија цел е да се покажат проблемите со кои се среќаваат жителите на Појасот Газа, кои речиси 10 години се наоѓаат под окупација на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
За да го привлечат вниманието, Палестинците се собраа пред урнатините направени за време на израелските напади на Газа и под хаштагот „Спасете ја Газа” поставија пароли и палестинско знаме. На оваа активност се приклучија голем број новинари, интелектуалци, бизнисмени и семејства чии куќи се урнати за време на израелските напади.
Организатор на кампањата е Абдулкерим Ашур, кој на пресконференцијата изјави: „Кампањата има за цел да ја прикаже драмата која поради нечовечки услови за живот и тешки економски услови ја доживуваат над 2 милиони луѓе во Газа, кои се под блокада на Израел“.
Ашур истакна дека кампањата ќе трае три месеци и додаде дека преку социјалните мрежи сака да упати апел до надлежните органи за отстранување на блокадата.
Откако Хамас победи на изборите во Палестина во 2006 година, Израел под блокада го држи Појасот Газа, што е причина за продлабочување на човечката криза во подрачјето.