Haydar Karaalp
21 Јануари 2021•Ажурирај: 22 Јануари 2021
БАГДАД (АА) - Во самоубиствениот напад во центарот на ирачкиот главен град Багдад загинаа 32, додека повредени се 110 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Командата за операции во Багдад при Владата на Ирак се наведува дека одекнала експлозија во Багдад како резултат на самоубиствен напад изведен на плоштадот „Тајаран“.
Ирачките власти во текот на денот соопштија дека на истиот плоштад се случиле две експлозии.
Во експлозијата загинаа 32 лица, додека 110 лица се повредени.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.