Haydar Karaalp
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
БАГДАД (АА) - Во Багдад, Ирак, започна отстранувањето на бетонските бариери коишто од безбедносни причини се поставени пред зградите на институциите во текот на американската окупација, јавува Anadolu Agency (AA).
Почна отстранувањето на бетонските бариери пред Министерството за надворешни рабпти, а отстранувањето се води под контрола на Командата за специјални операции, кои се дел од Канцеларијата на ирачкиот премиер.
Генералот на Командата, Јасим ас Сади, за АА изјави дека отстранувањето се врши во соработка со Министерството за внатрешни работи и Командата за операциски сили во Багдад.
Сади најави отстранување на бариерите поставени и пред останатите објекти на јавната управа.
Во текот на американската окупација, во 2003 година, од безбедносни причини пред институциите низ Багдад беа поставени бетонски бариери.
Исто така, дел од заштитената Зелена зона, во која се наоѓаат јавните институции и претставништва на странските мисии, отворен е за сообраќај. Возилата во овој дел од градот ќе можат да се движат од 17:00 часот по локално време до 5:00 часот наутро.