Mahmoud Barakat
23 Декември 2018•Ажурирај: 24 Декември 2018
БАГДАД (АА) - Ирачкото Претседателство денес ги негираше наводите за посредување помеѓу терористичката организација ПКК и режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Весникот „Ашарк Ал Авсат“, со седиште во Лондон, наведува дека ирачкиот претседател Бархам Салих ја пополнува празнината што ја оставиле САД со одлуката да ги повлечат своите сили од Сирија.
Весникот тврди дека предлогот на Салих вклучува да им се дозволи на водачите на терористичката организација ПКК да дојдат од планината Кандил до Сулeјманије во Ирак, а потоа да го посетат Дамаск, со цел обновување на односите.
Обновувањето на односите би го вклучило „враќањето на [сириската] армија и граничната полиција на сите сириски гранични точки со Турција и Ирак“.
„Оваа информација не е точна, истакнуваме дека претседателот на Републиката претходно ја нагласи потребата од поддршка на напорите за мирно решавање за ставање крај на циклусот насилства во соседна Сирија“, истакна портпаролот на ирачкото Претседателство, Лукман Фејли.
Тој додаде дека ирачкиот пристап кон Сирија е базиран на „почитување на нејзината независна одлука и ставање крај на мешањето во нејзините внатрешни работи“.
„Ние отсекогаш сме нагласувале дека Ирак секогаш има за цел да ги зајакне своите односи со сите свои соседи, вклучувајќи ја и Турција“, додаде тој.