Haydar Karaalp,Ali Makram Ghareeb
28 Септември 2022•Ажурирај: 29 Септември 2022
БАГДАД (АА) ‒ Две ракети паднаа во близина на зградата на ирачкиот Парламент во Зелената зона во чии рамки се наоѓаат владини згради во ирачкиот главен град Багдад, јавува Агенција Анадолија (АА).
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за ракетниот напад во околината на зградата на Парламентот во Багдад.
Ирачката Влада сѐ уште не излегла со соопштение во врска со нападот.
Инаку, ирачкиот Парламент денеска одржа седница по двомесечна пауза.