Betül Yürük
13 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
ЊУЈОРК (АА) - Ирачките власти објавија дека врз американскиот Конзулат во Ербил, Ирак, е изведен ракетен напад, известува Агенција Анадолија (АА).
Гувернерот на Ербил, Умид Хошнав, на новинарите им изјави дека е изведен терористички напад на американскиот Конзулат.
Напоменувајќи дека нападот е извршен со проектили, Хошнав рече дека по инцидентот се ангажирани безбедносните сили во градот.
Американскиот Стејт департмент информираше дека во нападот немало загинати или повредени.
Министерството за одбрана на САД не го коментираше нападот.