Betül Yürük
13 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
ЊУЈОРК (АА) - Две лица се повредени во напад со нож во Музејот на современа уметност (МоМА) во Њујорк, известува Агенција Анадолија (АА).
Нападот со нож е извршен во Музејот на современа уметност, еден од најпознатите њујоршки и светски музеи.
Полицијата соопшти дека двете лица повредени во нападот се префрлени во болница.
Во тек е истрага за нападот, а локалните власти не објавија информации за нападот и идентитетот на напаѓачот.
Музејот е евакуиран по нападот.