Ahmet Dursun
29 Ноември 2021•Ажурирај: 30 Ноември 2021
АНКАРА
Иранскиот министер за надворешни работи Хусеин Емир Абдулахијан истакна дека на средбата меѓу претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговиот ирански колега Ибрахим Реиси е одлучено да се развиваат билатералните односи меѓу двете земји, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на својот профил на Твитер Абдулахијан даде информации за средбата меѓу турскиот претседател Ердоган и претседателот на Иран Реиси, во рамки на 15. Самит на Организацијата за економска соработка (EİT) што се одржа во Туркменистан.
Истакнувајќи дека средбата меѓу претседателите на Турција и Иран поминале во исклучително пријателска и искрена атмосфера, Абдулахијан рече: „Одлучено е односите да се развиваат на повеќе нивоа и да се отстранат некои пречки. Односите меѓу двете земји се историски. Договорено е да се одржи состанок на Високата Комисија (Турско-Ирански совет за соработка на високо ниво).“
Претседателот Ердоган, кој престојуваше во Туркменистан за да учествува на 15. Самит на Организацијата за економска соработка, со претседателот на Иран одржа состанок зад затворени врати во рамки на самитот.