Mustafa Çalkaya
15 Март 2021•Ажурирај: 16 Март 2021
АНКАРА (АА) - Извозот на оружје на Турција во 5-годишниот период што го опфаќа периодот од 2016 до 2020 година, се зголеми за 30 проценти во споредба со периодот од 2011 до 2015 година, додека увозот е намален за 59 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Објавен е извештајот на Стокхолмскиот институт за меѓународни мировни истражувања (SIPRI), кој вклучува информации за меѓународната продажба на оружје за периодот 2016-2020 година.
Соодветно на извештајот, извозот на оружје на Турција во 5-годишниот период што го опфаќа периодот од 2016 до 2020 година, се зголемил за 30 проценти во споредба со периодот од 2011 до 2015 година, додека увозот е намален за 59 проценти.
Турција на ова поле, во периодот 2015-2019 година, на листата на најголеми извозници на оружје се наоѓа на 14-тото место. Во периодот 2016-2020 се искачи на 13. место.
Во однос на увозот на оружје во истиот период од 15-тото падна на 20-тото место.
Во извештајот внимание привлече промената на увозот од САД. Во периодот 2016-2020 година, увозот на Турција од САД се намали за 81 процент во споредба со периодот од 2011 до 2015 година.
- „Ова е успех во екосистемот“ -
Претседателот на Одделот за одбранбена индустрија на Претседателството на Турција, Исмаил Демир, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) рече: „Овие резултати се еквивалентни на нашата имагинација и нашата работа за остварување на нашите соништа. Кога дојдовме на функцијата, нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган ни даде една задача. Еден од најважните столбови на нашата независност поминува низ независноста во одбранбената индустрија. Единствениот начин да се постигне оваа независност беше да се зголеми бројот на системи развиени со локални и национални средства.“
Демир, посочувајќи дека извозот на одбранбената индустрија се зголемува од ден на ден, а со тоа се намалува зависноста од странство рече:
„Овој успех е успех во екосистемот. Најголемиот поддржувач на овој екосистем и глобалните архитекти на визуелната моќ на Турција се нашиот претседател Реџеп Таип Ердоган, компаниите од одбранбената индустрија заедно со подизведувачите и универзитетите. Им се заблагодаруваме на сите. Ние ќе продолжиме да работиме заеднички со сите наши засегнати страни под координација на Претседателството на одбранбената индустрија.“