Mustafa Melih Ahıshalı
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Потпретседателот на Центарот за истражување при Медицинскиот факултет во Техеран, Мухсин Фатих, истакна дека Иран по 20 години ќе го има најстарото население во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Фатих за Иранската студентска новинска агенција ИСНА (İSNA) изјави дека според статистичките податоци, Иран по 20 години ќе стане земја со најстаро население во регионот.
Тој рече дека се прават напори за спречување на стареењето на општеството, и дека имаат активности за промена на животниот стил со цел водење на здрав живот.
Иранскиот социолог Али Риза Шерифи Јазди, во својот говор на панелот по повод Светскиот ден на старите лица одржан во Техеран, истакна дека учеството на жените во општествениот живот, економските проблеми и зголемувањето на возраста на стапување во брак предизвикале наталитетот во Иран да се намали, а следствено на тоа, да се намали и младата популација.
Социологот Шехла Казимпур, кој исто така учествуваше на панелот, истакна дека во првите години по Револуцијата во 1979 година, 46 проценти од населението било под 15-годишна возраст, а 3 проценти од населението на возраст над 60 години. Денес пак, 23 проценти од населението е на возраст под 15-годишна возраст, а процентот на старата популација се зголеми на 9 проценти.
Казумпур исто така рече дека за 20-30 години постарата популација во Иран ќе се искачи на 30 проценти и едно од секои три лица ќе биде старо.