Emre Aytekin
28 Октомври 2019•Ажурирај: 29 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Во американската држава Калифорнија прогласена е вонредна состојба поради ширењето на шумските пожари во подрачјето на Сонома во северниот дел на сојузната држава, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според весникот „Лос Анџелес тајмс“ (Los Angeles Times), гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, соопшти дека е прогласена вонредна состојба во државата поради ширењето на пожарот во Кинкада, што избувна на северот на државата.
Поради пожарот кој се прошири на површина од 220 километри квадратни, од своите домови се евакуирани 180 илјади лица. Над 2 милиони лица останаа без електрична енергија.
Пожарот уништи 94 објекти, а исто така регистрирани се оштетувања и на други 17 објекти.
Пожарникарите се загрижени пожарот да не го зафати Автопатот „101“, кој се наоѓа на западниот брег на САД.