Mustafa Melih Ahıshalı
01 Октомври 2018•Ажурирај: 01 Октомври 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранските вооружени сили „Чувари на револуцијата“ изведоа ракетни напади во Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранската државна телевизија јавува дека ракетните напади се изведени на подрачјето на Деир ез-Зор, поточно во Ал Букамал во долината на Еуфрат.
„Нападот е извршен врз упориштата на терористичката организација ДЕАШ и претставува одговор на неодамнешниот напад на воената парада во Ахваз“, соопшти државната телевизија, повикувајќи се на изјавите на претставниците во Техеран.
Новинската агенција „Фарс“ јави дека ракетните напади биле изведени два часа по полноќ и дека ракетите биле истрелани од западниот ирански град Керманшах.
Истиот извор јавува дека во нападот биле користени проектилите „Zulfiqar“ и „Kiyam“, кои имаат дострел од 750 и 800 километри.
Најмалку 25 лица загинаа, а 69 се ранети во нападот што се случи на 22 септември во текот на воената парада во иранскиот град Ахваз.