Mahmoud Mohamed Barakat
07 Октомври 2022•Ажурирај: 09 Октомври 2022
ТЕХЕРАН (АА) - Смртта на младата Иранка Махса Амини била предизвикана од болест, се вели во извештајот на иранскиот Институт за судска медицина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот, Амини починала како резултат на церебрална хипоксија поради ненадејно нарушување на срцевиот ритам, намален крвен притисок, губење на свеста и недоволно количество кислород во мозокот.
На осумгодишна возраст ѝ била извршена операција на тумор на мозокот и поради тоа имала нарушување на надбубрежната и тироидната жлезда, односно на хипоталамусот и хипофизата на мозокот.
Поради тие причини таа ги користела лековите хидрокортизон, левотироксин и дезмопресин, стои во извештајот.
„Амини доживеала ненадејно нарушување на срцевиот ритам и губење на свеста поради нејзината хронична болест и неможноста да се справи со ситуацијата во којашто била. Амини доживеала церебрална хипоксија како резултат на несоодветната интервенција во моментот на инцидентот“, се додава во извештајот.
Амини почина на 16 септември под мистериозни околности откако беше приведенa од моралната полиција во Техеран поради наводно кршење на исламскиот кодекс на облекување во Иран.