Mustafa Melih Ahıshalı
10 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани, соопшти дека е откриена нафта со која нафтената резерва на оваа земја ќе се зголеми за една третина од постоечката, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на иранската државна телевизија, Рохани имаше свое обраќање пред населението во градот Јазд.
„Одделот за истражување на нафта при Нафтената компанија на Иран откри нова нафтена резерва од 53 милијарди барели. Нафтеното поле е на површина од 2.400 километри квадратни, на длабочина од 80 метри“, истакна Рохани.
Според податоците од 2015 година, Иран со нафтена резерва од околу 157 милијарди барели се наоѓа на четвртото место во светот, по Венецуела, Саудиска Арабија и Канада.