Yusuf Özcan
10 Ноември 2019•Ажурирај: 11 Ноември 2019
ЛИОН (AA) - Дваесетипетгодишен француски студент е во критична состојба откако се запали поради финансиски проблеми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Машко лице на својот профил на Фејсбук пишуваше за своите финансиски потешкотии само неколку часа пред самозапалување пред универзитетскиот ресторан во Лион.
Го обвинуваше францускиот претседател Емануел Макрон, двајцата негови претходници, десничарката Марин Ле Пен, како и Европската Унија што го „убиле“.
Потврдено е дека 90 отсто од телото е под изгореници и дека е во критична состојба.
Студентот на Универзитетот „Лион 2“ напишал на Фејсбук дека веќе нема да се соочува со финансиски товар на животот од 450 евра месечно.
„Го обвинувам Макрон, [Франсоа] Оланд, [Николас] Саркози и Европската Унија дека ме убиваат, создавајќи неизвесност за сите нас, а ја обвинувам и Ле Пен и [медиумските] уредници дека создаваат страв“, напиша студентот.
Деканката на Универзитетот „Лион 2“, Натали Домпниер, за новинарите изјави дека не биле запознаени со проблемите на студентот кој се запали.