Ekipa
26 Септември 2019•Ажурирај: 27 Септември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусеви, рече дека се подготвени се за средби со претставниците на Саудиска Арабија на сите нивоа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Иранскиот портпарол Мусеви за дописникот на АА ја оцени можноста за средби помеѓу претставници на Техеран и Ријад.
На прашањето дали на седницата за Багдад што ќе ја организира Ирак е можна средба помеѓу претставници на Иран и Саудиска Арабија, Мусеви нагласи: „Подготвени сме да преговараме со Саудиска Арабија на секое ниво со или без посредник. Доколку се одржи таков состанок, подготвени сме да преговараме со Саудиска Арабија на билатерални средби или пак на самиот состанок.“
Мусеви, истакнувајќи дека Пакистан, Германија, Јапонија и Ирак се подготвени да бидат посредници меѓу двете земји, рече дека администрацијата на Техеран секогаш одговарала позитивно на овие барања.
Премиерот на Пакистан, Имран Кан, во вчерашната изјава за медиумите рече дека Саудиска Арабија и Соединетите Американски Држави (САД) од него побарале да биде медијатор меѓу нив и Иран.
Во својот говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), ирачкиот претседател Берхем Салих соопшти дека планираат да организираат конференција насловена „Една област во Багдад“, на која ќе присуствуваат сите соседи на Ирак.