Ahmet Dursun
26 Јуни 2021•Ажурирај: 28 Јуни 2021
ТЕХЕРАН
Иранскиот поглавар, ајатолахот Али Хамнеи, го одобри предлогот на одлуката за помилување или намалување на казните за 5.156 осуденици во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за предлог на одлуките што претходно ги донесе претседателот на Врховниот суд, Ибрахим Реиси, кој на изборите на 18 јуни стана и новоизбран претседател на Иран.
Предлогот е сочинет по повод одбележувањето на годишнината од раѓањето на Имам Резе и Неделата на правосудството во Иран, а помилувањето или намалувањето на казната ќе го добијат осудениците на воените и цивилните судови.