Mustafa Melih Ahıshalı
09 Февруари 2020•Ажурирај: 12 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранските власти ја претставија новите балистички ракети и носачи на сателити од новата генерација „Raad-500“, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Ракетите „Raad-500“ се проектили од типот земја-земја и се први проектили што иранските сили ги направија од смеса на карбонски влакна.
Иранската државна телевизија јави дека на претставувањето на новите ирански проектили присуствувале командантот на Револуционерната гарда, Хусеин Селами, и командантот на воздухопловните сили Емирати Хаџизаде.
Балистичката ракета „Raad-500“ е тешка два тона и има дострел до 500 километри.
Ракетата е значително полесна и има речиси двапати поголем дострел од претходно презентираниот ирански проектил со метално тело „Fatih-110“.