Sena Güler
07 Септември 2019•Ажурирај: 08 Септември 2019
ТЕХЕРАН (AA) - Бахруз Камалванди, портпарол на Организацијата за атомска енергија на Иран (AEOI) рече дека неговата земја ќе користи напредни центрифуги кои имаат можност за обогатување ураниум преку 20 отсто, и да покренуваат трет чекор за намалување обврски кон нуклеарен договор како одговор на санкциите на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Anadolu Agency (AA).
Камалванди на конференцијата за медиуми во Техеран истакна дека вчера е започната третата фаза за намалување на обврските на Иран кон нуклеарниот договор од 2015 година. Нагласи дека обврските се врзани за истражување и развој се суспендирани и дека Техеран почна да убризгува плин во центрифуги IR4 и IR6 за да го обогати ураниумот.
„Почнавме со укинување на ограничувања за нашето истражување и развојот. Во оваа фаза ќе користиме многу напредни центрифуги", рече Камалванди.
Напомена дека Техеран ќе спроведе чекори на за намалување на обврските на транспортен начин и потсети дека причина за ваков потег е обезбедување рамнотежа во договорот, откако САД еднострано истапиле од него минатата година.
„Европа би требала да знае дека не останало многу време за спасување на нуклеарниот договор", предупреди Камалванди.
Нуклеарниот договор кој го постигнаа Иран од една страна и Кина, Франција, Германија,Русија, Велика Британија, Соединетите Американски Држви и Европската унија од друга страна, му овозможи на Техеран укинување санкции во замена за ограничувње на нова нуклеарна програма.
Иран сега инсистира на тоа дека Европа мора да му пружи додатна економска поддршка ако сака да го спаси договорот, откако САД во мај 2018 година се повлекоа и воведоа санкции на Техеран.