Ali Cura
07 Септември 2019•Ажурирај: 08 Септември 2019
МОСКВА
Меѓу Русија и Украина започна размената на затвореници и приведени лица, меѓу кои се наоѓаат и 24 украински поморски војници, приведени за време на кризата во теснецот Керчки, јавува Anadolu Agency (AA).
Адвокатот на украинските поморски војници, Николај Полозов, преку својот профил на социјалните мрежи објави дека е започнат периодот на размена.
Руските и украинските медиуми објавија дека 24 украински војници од затворот Лефортово во Москва со автобуси се префрлени на аеродромот Внуково. Во исто време, на аеродромот во Киев слетат руски авион кој ги преземал руските државјани приведени во Украина.
Властите засега не ја објавија бројката на затвореници и притворени лица кои се дел од размената меѓу двете земји.
Минатата година во ноември, во близина на теснецот Керчки, руски воен брод тврдејќи дека украински воен брод ги нарушил границите на Русија, изврши вооружена интервенција, при што беа запленети три брода на Украинските поморски сили и беа приведени 24 украински поморски војници, по што рускиот суд им додели притвор.
Неодамна претседателот на Русија Владимир Путин и новоизбраниот претседател на Украина, Владимир Зеленски соопштија дека Русија и Украина имале средби околу размената на затвореници и приведени лица.